Основната цел на овие обуки е стекнување на практични знаења и вештини за вербална, невербална и писмена комуникација, деловна комуникација и оспособување на практикантите за полесно вклопување во новата работна средина. Исто така, во оваа обука е предвидено да се опфатат и основите на вештините на преговарање со идните работодавци, како и давање и примање на feedback, или повратна информација за сопственото работење. Овие цели ќе бидат остварени во работа со мали групи на слушатели, вовед во комуникациските теории и особен акцент на голем број на практични вежби преку кои студентите ќе можат да ги надградат своите комуникациски и преговарачки вештини
Локација на настанот : ИТЦ КАРИЕРА, Скопје
Почеток на настанот : 14:00:00 , 04 Јун, 2010
Крај на настанот : 18:00:00 , 04 Јун, 2010



