Најчесто поставувани прашања
- 1. Како да се регистрирате како институција?
2. Како да се најавите на mycareer . com . mk ?
3. Заборавена лозинка ?
4. Како да го креирате профилот на инстуцијата ?
5. Како да прикачите лого на институцијата?
6. Како да објавите настан?
7. Како да учествувате на денови на е-кариера?
8. Како да ги менаџирате Вашите пораки ?
9. Како да најдете и да гледате видео презентации?
10. Како да најдете и да гледате power point презентации?
11. Како да гледате слики?
12. Како да учествувате на форуми?
назад | 1. Како да се регистрирате како институција?
Кликнете на копчетто „Најава“ кое се наоѓа во горниот десен агол од почетната стана и потоа кликнете на линкот“ Institution ” кој се наоѓа на левата страна на прозорчето. Пополнете ја регистраицјата на следниот начин:
-
Корисничко име: мора да биде единствено; може да се користат букви(а-ш, А-Ш), броеви (0-9), празен простор, карактери (сите карактери освен “ и ’), на пример Универзитет НН 34%.
-
Лозинка: мора да содржи минимум 8 карактери;
-
E-mail: внесете ја e-mail адресата на инситуцијата;
-
Име на институцијата: внесете го називот на институцијата;
-
Лице за контакт: име и презиме на лицето за контакт;
-
E-mail на лицето за контакт: мора да биде различно од e-mail – от на институцијата;
-
Слика: мора да ги внесете точно буквите од сликата без притоа да оставате празен простор (нема разлика помеѓу големи и мали букви)
-
Контролен правоаголник: мора да ја селектирате опцијата во контролниот правоаголник: „Ги прочитав условите и се согласувам со истите“.
-
Потоа кликнете на копчето „Регистрирај се“.
Треба да ја примите следната порака за нотификација. Потоа отворете ја e-mail адресата на Вашата институција која ја внесовте при регистацијата (чекор с). Во inbox најдете e-mail порака од contact@nabu.com.mk со наслов MCP Career Site Registration Process. Орворете ја пораката и кликнете на на зборовите: “follow link”. Со тоа директно ќе бидете пренесени на www.mycareer.com.mk и ќе видите порака со која се потврдува Вашата регистрација.
Иако сте се регистрирале успешно, треба да почекате одреден период додека Администраторот на порталот го активира Вашиот профил.
назад | 2. Како да се најавите на mycareer.com.mk?
Кликнете на копчето „Најави се“ кое се наоѓа на горниот десен агол од порталот. Во формата за логирање впишете го Вашето корисничко име и лотзинка и кликнете Enter.
назад | 3. Заборавена лозинка?
Кликнете на копчето „Најави се“ кое се наоѓа на горниот десен агол од порталот. Потоа кликнете на Forgot password и внесете ја Вашата e-mail адреса (истата која ја поставивте при регистрацијата на порталот) и кликнете на копчето “GET IT”. Отворете ја e-mail адресата која ја внесовте во претходната постапка и отворете во Inbox. Треба да добиете порака од no-reply@mojakariera.com.mk со наслов: MCP Career password recovery. Отоврете ја пораката и таму треба да биде дадена Вашата лозинка.
назад | 4. Како да го креирате профилот на инстуцијата?
Најавете се на порталот(погледни q/a 2). Кликнете на копчето „Промени го профилот“ кое се наоѓа на почетната страна или кликнете на линкот „Промени го профилот“ кој се наоѓа во менито од десна страна. Пополнете го делот за општи податоци и потоа кликнете на копчето „Сними и продолжи“. Продолжете со истата постапка се додека не стигнете до последниот сектор „Други опции на профилот“. Запамтете дека болдираните полиња задолжително мора да се пополнат. Доколку не сакате да пополните некое поле кликнете на копчето „Следно“ кое ќе ве однесе на наредниот сектор.Доколку заборавите да пополните некое поле кликајте на копчето „Претходно“ се додека не Ве однесе на бараниот сектор или пак можете директно да отидете на бараниот сектор со кликнување на истиот во менито „Уредување“. Доколку сакате податоците кои сте ги внеле да ги зачувате кликнете на копчето „Сними“
Профилот на Вашата институција може да се креира на три јазици: Македонски, Албански и Англиски.
Важно: Пополнете го вашиот профил со колку што е можно повеќе податоци затоа што тоа се информации кои студентите и заинтерсираните за работа ќе ги гледаат.
назад | 5. Како да прикачите лого на институцијата?
(Доколку не сте најавени) Најавете се на порталот (погледни q/a.2). Кликнете на копчето „Промени го профилот“ на почетната страна или кликнете го линкот „Промени го профилот“ кој се наоѓа на десната страна.
(Доколку сте најавени) Одете на последниот сектор од профилот „Други опции на профилот“. Во полето URL кликнете на помалииот правоаголник. Тоа ќе отвори форма за пребарување. Кликнете на копчето „Browse“ и најдете го логото на институцијата од Вашиот компјутер. Потоа кликнете „Upload“. Кога ќе го видите документот во листата, кликнете на името на документот (на пример Logo.jpg). Адресата на документот ќе се појави во поголемиот правоаголник од полето URL и потоа кликнете на копчето „Сними“.
назад | 6. Како да објавите настан?
Најавете се на порталот (погледни q/a 2). Кликнете на копчето “Post an event” кое се наоѓа на почетната страна. Пополнете ги полињата со сите потреби информации во врска со настанот. Изберете го почетокот и крајот на настанот. Со цел правилно да ги внесете датумите кликнете на помалиот квадрат веднаш до просторот за текст и ќе се појави календар. Прво одредете го времето, а потоа и датумот на настанот. Одберете ја целната група која ќе може да се информира за настанот со кликнување на контролниот правоаголник во полето “Visibility Group” и потоа кликнете „Сними и продолжи“. Ќе добиете известување за успешно објавување на настанот.
Важно: Администраторот на порталот ќе го прегледа содржината на настанот и доколку одлучи дека истиот е соодветен ќе го објави.
назад | 7. Како да учествувате на денови на е-кариера?
Најавете се на пореталот (погледни q/a 2). Кликнете на копчето “Participate @ e-Career Fair” кое се наоѓа на почетната стрна од порталот. Доколку сакате да објавите видео кликнете на линкот “Video Document”; Доколку сакате да прикачите презентација кликнете на копчето “Presentation Document”. Внесете го насловот и описот на документот. Доколку дакате да го прикачите документот во URL полето кликнете на помалиот правоаголник. Ќе се отвори форма за прикачување на документи. Кликнете на копчето “Browse” и пронајдете го документот во Вашиот компјутер. Потоа кликнете „upload“. Кога ќе го видите документот во листата кликнете на неговиот наслов ( на пример presentation.ppt). Адресата на документот ќе се појави во URL полето и потоа кликнете „Сними“.
назад | 8. Како да ги менаџирате Вашите пораки?
Најавете се на порталот (погледни q/a 2). Кликнете на копчето „Пораки“ на почетната страна или кликнете го линкот „Пораки“ од страничното мени. Е-пораки е страна на порталот каде ќе ги добивате сите известувања во врска со Вашите објавени настани и известувања од администраторот на порталот. Пораката можете да ја прочитате со кликнување на насловот на истата. Можете да одговорите на пораката со кликнување на “Reply” или можете да ја избришете со кликнување на “Delete” во колоната „Акции“.
назад | 9. Како да најдете и да гледате видео презентации?
Најавете се на порталот( погледни q/a 2). Кликнете на копчето “Медиа Центар” на почетната страна на порталот и кликнете на “Видео” или кликнете на линкот “Медиа Центар” >> “Видео” на горното главно мени. Од лизгачкото мени кое се наоѓа од левата страна, кликнете го видеото кое сакате да го гледате. Видеото ќе се појави во media player. Кликнете на play за да го гледате видеото, кликнете на pause за да го паузирате видеото, или кликнете на stop за да го запрете видеото. Во помалиот правоаголник можете да го погледнете описот на видеото.
назад | 10. Како да најдете и да гледате power point презентации?
Најавете се на порталот (погледни q/a 2). Кликнете на копчето “Медиа Центар” на почетната страна и кликнете на “Презентации” или кликнете на линкот “Медиа Центар” >> ”Презентации” на горното главно мени. Од лизгачкото мени кое се наоѓа од левата страна, кликнете на презентацијата која сакате да ја гледате. Во прозорчето десно ќе се појави презентацијата. Со кликнување на стрелките можете да ги менувате слајдовите на презентацијата. Во помалиот правоаголник можете да го погледнете описот на видеото.
назад | 11. Како да гледате слики?
Најавете се на порталот (погледни q/a 2). Кликнете на копчето “Медиа Центар” на почетната страна и кликнете на “Фото Галерија” или кликнете на линкот “Медиа Центар” >> ”Фото Галерија” на горното главно мени . Од лизгачкото мени кое се наоѓа од левата страна, кликнете на фотографијата која сакате да ја видите. Во прозорчето десно ќе се појави сликата. Во помалиот правоаголник одоздола можете да го погледнете описот на сликата.
назад | 12. Како да учествувате на форуми?
Најавете се на порталот (погледни q/a 2). Кликнете на копчето “Медиа Центар” на почетната страна и кликнете на “Форуми” или кликнете на линкот “Медиа Центар” >> “Форуми” на горното главно мени . Кликнете на дискусијата во која сакте да учествувате и потоа кликнете на темата која сакате да ја дискутирате. Доколку сакате нешто да објавите кликнете на копчето “Post Reply”. Напишете го насловот и содржината на постот. Доколку сакате прво да го видите изгледот на постот пред да го објавите кликнете на копчето “Preview”. За да го објавите постот кликнете на копчето “Submit”.
Доколку сакате да одговорите на нечиј пост, кликнете на копчето „Reply“ во постот на таа личност. Напишете го насловот и содржината на постот. Ако сакате да го видите постот пред да биде испратен, кликнете на копчето “Preview”. Ако сакате да го испратите постот, кликнете на копчето “Submit”.



